Гарсон решение за угостители

СОФТВЕР + ХАРДВЕР + ЗНАЕЊЕ

Гарсон го поврзува вашето целокупно работење

ПОС опрема

Хардверска поддршка на софтверот

Кога се отвара ресторан, кафетерија или друг објект потребно е покрај софтверот да се обезбеди и ИТ опрема неопходна за функционирањето на системот.

Гарсон може да се порача посебно или во пакет со потребната компјутерска и фискална опрема. Ние сме во можност да ви понудеме фискални уреди кои се покажале како најдобри во работата со компјутерите и најквалитетна ПОС опрема за угостителстово.

Гарсон е прилагоден да работи со сите видови на компјутери , тач скрин уреди (монитори, ПДА уреди, мобилни телефони) и специјализирана ПОС опрема. Без разлика на типот на вашиот простор, начинот на работење и можностите ние можеме да ви обезбедеме опрема која одговара.

Соработуваме дирекно со различни домашни и странски произведувачи на опрема така што во нашата понуда секогаш може да се најдат неопходните компоненти.Освен набавка во рамките на нашата компанија постои и сервис за компјутери и за фискални каси така што секогаш можеме да ви обезбедиме комплетна поддршка на системот.

Опрема која најчесто се користи

  • All-In-One пос компјутери
  • Стандардни десктоп компјутери
  • Touch-screen монитори
  • Фискални печатачи
  • Нефискални пос печатачи
  • Мобилни уреди (андроид телефони и таблети)
  • Бар-код скенери
  • Читачи за картици

All-In-One компјутери

Овие компјутери се наречени компјутери без куќишта и на нашиот пазар стануваат се попопуларни посебно во угостителството.

ПОС All-In-One компјутерите се посебно креирани така да одговараат на индустријата каде што се користат. Робусни се, отпорни на влага и прашина и тестирани се за специјални услови на користење како што е гужвата во баровите кафетериите и дискотеките.

Овие уреди го смалуваат ризикот од интеграција на компоненти на различни производители и квалитет и секогаш се испорачуваат со посебна гаранција.

Исто така овие уреди се идеално решение за угостителските објекти заради тоа што немаат куќишта и дополнителни каблови па нема неред и гужва кај шанкот и кујната.

Зошто all-in-one компјутери?

  • Зазема значително помалку простот
  • Мониторите или целите компјутери се отпорни на поливање
  • Отпорни на прашина
  • Има вграден читач на картица
  • Може да се постави на зид
  • Може да се додади уште еден екран за гости
  • Може да се подесат соодветните агли за подобро работење
  • Одстранет е нередот со кабли
  • Смален е ризикот од интеграција на различни компоненти
  • Го подобрува впечатокот за локалот низ компактност и дизајн
  • Креиран е за оваа дејност (угостителство)
  • Има гаранција

Која опрема ние ја препорачуваме?

Garson - Препорачана опрема
компјутер ПОС компјутер Десктоп компјутер
MSI AP 200 200XEU Intel / AMD processor >= 1.5 GHz
1 GB RAM
1GB free HD space
  touch screen монитор со резолуција 1024x768 или повеќе
Оперативен систем Windows 8 / Windows 7 / Windows XP
POS и фискален печатач
Подршка за сите термални или иглични печатари со COM/LPT/USB/Network интерфејс
Подршка за поголем број на фискални печатари и каси кои имаат опција за работа како печатар.
Читач на ID картици читач на магнетни картици
RF читач на картици
barcode читач
iButton
Консултирајте се со нас која опрема најмногу одговара за вашата дејност

Интеграција со другите системи

Во досегашната работа имплементиравме голем број на посебни функционалности кој се однесуваат на специфичности во работата и начинот на управување на угостителскиот објект. Со ова стекнавме значајно искуство во решавањето на проблемите кој се сретнуваат во оваа индустрија.

Затоа најновата верзија на програмата, Гарсон 6 е направена така да дозволува брз развој на посебни операции кој ги задоволуваат барањата и на најспецифичните корисници, но и лесно се надоградуваат со пораст на обемот на вашето работење и промена на стратегијата во работниот објект.

Сакам да добијам понуда за својот локал

Или нас вие контактирајте не на : +389 (0)43 400-500 и garson@codex.mk